Претходно денеска од ЦУК информираа дека пожарот кај Ајватовци, кој избувна вчера попладне, е активен на само еден крак, но по повторното разгорување на уште два крака, во гаснењето беа вклучени двата полициски хеликоптера
Иако до утринава беше под контрола, пожарот кај скопското село Ајватовци, на територијата на општина Илинден, денеска повторно се разгоре на два крака. Поради тоа, во гаснењето на огнените јазици се вклучени два полициски хеликоптера, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
„Пред десетина минути полицискиот хеликоптер дејствуваше точно во центарот на пожарот“,
напиша првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов, на Фејсбук, објавувајќи видеоснимка од интервенцијата на хеликоптерот на МВР.
Претходно денеска од ЦУК информираа дека пожарот кај Ајватовци, кој избувна вчера попладне, е активен на само еден крак, но по повторното разгорување на уште два крака беа вклучени двата полициски хеликоптера.
На местото интервенираат и пожарникари од скопската противпожарна бригада, како и доброволци од селото.