Од бродовите се спасени околу 35 лица и никој не е сериозно повреден
Пожарот што го зафати пристаништето во Хонгконг рано утрово предизвика големи штети на закотвените бродови. Најмалку 10 броода потонаа пред пожарникарите да пристигнат за да го изгаснат пожарот.
Пожарот избувнал на една од јахтите, а потоа брзо ги зафатил и останатите, поради малата раздалеченост помеѓу нив.
Властите во Хонгконг денеска објавија дека најмалку 16 бродови биле зафатени од пожарат, од кои најмалку 10 потонале,но никој не е сериозно повреден, објави Ројтерс.
Пожарот избувна рано околу 2:30 часот по локално време, а на пожарникарите им требале повеќе од шест часа за да го изгаснат.
Се слушале експлозии на резервоари за гориво, а густ чад се издигнувал над пристаништето, покривајќи ги околните згради.
Од бродовите се спасени околу 35 лица, објави државниот медиум РТХК, повикувајќи се на извори од противпожарната служба.