Полицијата денеска пронашла поголема количина оружје во атарот на селото Блаце во близина на границата со Косово, соопшти МВР.
Акцијата за пронаоѓање на оружјето била спроведена откако претходно биле добиени информации дека таму има закопано разновидно оружје и муниција кои потекнуваат од 2001 година.
Според информациите од полицијата, на местото биле пронајдени: две зољи, еден ракетен фрлач (РПГ7), три гранати за РПГ7, две барутни полнења за РПГ7, нишанска справа, девет парчиња муниција и два реденика.
Од МВР додаваат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.