Полицајци и полициски возила и утрово се присутни околу хотелот „Мериот“ и пред домот на Сашо Мијалков на Водно.
Тој од вчера попладне е недостапен за полицијата која го бара за да му врачи решение за изречен куќен притвор.
Куќниот притвор изминатиот викенд го изрекоа од Основниот кривичен суд во Скопје по предлог на обвинителството кое побарало построга мерка на претпазливост во пресрет на изрекување на пресудата за случајот „Таргет-Тврдина“ на 26 февруари.
Мијалков последен пат, како што објавивме, бил забележан вчера околу 14 часот во кафулето „Дистрикт“, кое се наоѓа во рамки на хотелот „Мериот“, во непосредна близина на скопскиот плоштад. Таму тој бил во друштво на поранешниот градоначалник на Аеродром, Ивица Коневски.




