Како што пишуваат локалните медиуми, Караијан се извинил на Фејсбук за тоа што се случило
Романскиот пратеник на Социјалдемократите (ПСД), Алберто-Јосиф Караијан, се вклучил на онлајн состанок додека се туширал, целосно гол, предизвикувајќи смеа кај неговите колеги.
Претседателката се насмевнала кога видела што се случува, а потоа се слушнало и смеа во салата.
На средината на состанокот се слуша како некој довикува: „Алберто, исклучи ја камерата“, а потоа сфатил што направил, па Караијан одговорил: „Но, не можам да ја исклучам“.
Пратеникот потоа продолжил: „Не можам да ја исклучам, целосно се извинувам, настинав и не знам како да ја исклучам“.
Потоа ја спуштил слушалката, а подоцна облечен повторно се придружил на состанокот.
Како што пишуваат локалните медиуми, Караијан се извинил на Фејсбук за тоа што се случило.
Тој напишал:
„Технологијата си игра со мене. За жал, ја платив цената на брзањето! Навистина ми е жал за немилиот инцидент“.