„Одиме на европско. Напред Македонија.“ Авион со ваков транспарент го прелетува Скопје во пресрет на вториот натпревар на македонската фудбалска репрезентација во рамки на Европското првенство. Нашата репрезентација денеска го игра вториот натпревар од групата Ц против Украина.
На дебитантскиот настап, Македонија изгуби од Австрија со 1:3.