Пендаровски и Новак ќе имаат тет-а-тет средба, а предвидено е унгарската претседателка да се сретне и со претседателот на Собранието Талат Џафери и со премиерот Димитар Ковачевски
На видеото од официјалниот пречек на претседателката на Унгарија се гледа дека Пендаровски ѝ подава куче од расата „шарпланинец“, што првично беше протолкувано дека и го подарува, но подоцна од кабинетот на претседателот објаснија дека тој сакал само да и го покаже како едно од обележјата на земјата
Претседателот Стево Пендаровски со највисоки државни и воени почести денеска ја пречека унгарската претседателка Каталин Новак.
Пендаровски и Новак предвидено е да одржат тет-а-тет средба, по што делегациите од Северна Македонија и Унгарија ќе имаат пленарен состанок.
Претседателот Пендаровски и колешката од Унгарија денеска во црквата „Св. Спас“ во Скопје ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.
Унгарската претседателка Новак за време на официјалната посета ќе оствари средби и со претседателот на Собранието Талат Џафери и претседателот на Владата Димитар Ковачевски.
Новак заедно и претседателот Пендаровски ќе имаат средба и со претставници на младински организации.
На видеото од официјалниот пречек на претседателката на Унгарија се гледа дека Пендаровски ѝ подава куче од расата „шарпланинец“, што првично беше протолкувано дека и го подарува, но подоцна од кабинетот на претседателот објаснија дека тој сакал само да и го покаже како едно од обележјата на земјата.
Поради посетата на претседателката Новак, денеска во Скопје има посебен сообраќаен режим во централното градско подрачје.