Оваа година имаме поинаков Велигден. Поради глобалната криза предизвикана од пандемијата со која сите се соочуваме, годинава сме под товарот на заканата од коронавирусот и празникот го дочекуваме во нашите домови, во различна атмосфера и со поинакви навики и однесување, вели претседателот Стево Пендаровски во велигденската честитка до граѓаните од православна вероисповед.
Дел од нашите граѓани, потсетува претседателот, се во првите редови во справување со кризата, и дење-ноќе ги извршуваат своите работни обврски со што ни овозможуваат на повеќето од нас да останеме дома со она што ни е најпотребно за да ги сочуваме нашето здравје и нашите животи.
„Посакувам Велигден да не потсети дека сега ни е потребна верба, храброст и трпение за да го издржиме овој тежок период во справување со вирусот, а преку надминување на кризата да ја научиме најважната животна лекција за нужноста од поголема еднаквост, одговорност, солидарност и почит меѓу нас“,
вели Пендарвоски во честитката.