Српските медиуми објавија видео од уривањето на висечкиот мост во градот Овчар Бања во Србија. Мостот се урна во реката поради големиот број луѓе на него, при што загинаа две жени, а 10 лица се повредени.
Сега е објавено видео од моментот на уривање на мостот.
Луѓето што се нашле на мостот биле на обиколка на манастирите во Србија, а Овчарско-кабларската Клисура била само попатна станица.
Тие се упатиле кон манастирот „Јованје“, а свештеникот кој бил со нив ги предупредил да го преминат мостот во помали групи. Очигледно, патниците не го послушале свештеникот и дошло до уривање на мостот.
Голем број спасувачи, полицајци и над 80 лекари и медицински сестри беа на терен.