Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 14 декември 2023 г. на МРТ 1
Во ова издание:
– „Ти го плукаш, тој мисли врне“ – антикорупционерката Билјана Ивановска за продолжувањето на злоупотребата на државни автомобили, за партиски и лични цели, од функционери на централно и на локално ниво, од различни политички партии, и покрај јавните укори;
– „Ако има неправилности, ќе одговараме“ – вели градоначалникот Висар Ганиу по серијата стории на „360 степени“ за масовното незаконско легализирање станбени згради во Општина Чаир, за што јавното обвинителство отвори предмет;
– 70,9 отсто од вработените во јавната администрација не знаат дали нивната институција има службеник за интегритет, а 76,4 отсто не знаат дали имаат службеник за примање случаи од укажувачи – истражување на ИФЕС за разбирање на корупцијата и зајакнување на интегритетот во јавната администрација во Северна Македонија;
– Што може да се заклучи од истражувањето на ИФЕС и како понатаму – разговор со Семјуел Пауер, постар предавач на Универзитетот Сасекс, и со Сабина Факиќ, програмска директорка на Центарот за граѓански комуникации;
– „Саботажа“.