Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 31 октомври 2024 г. на МРТ 1
Во ова издание од емисијата донесуваме:
– Екипа на 360° беше во Пловдив за да провери дали постои јазично училиште „Јулија“ што издава(ло) ТОЕФЛ-сертификати по сомнежите за валидноста на документот за познавање на англискиот јазик на директорот на Агенцијата за национална безбедност;
– Јавното обвинителство објави дека почнува проверка (предистрага) за сертификатот на Бојан Христовски откако добило анонимна кривична пријава;
– Двајца адвокати под ризик да останат без лиценците зашто со српски колега основале Здружение на адвокати на Отворен Балкан; Адвокатката комора им покренала дисциплинско обвинение;
– Изградбата на погон за производство на алуминиумски одливци на територија на општина Ново Село е причина за загриженост кај дел општинските советници и екоактивисти; предупредуваат и на можен судир на интереси на градоначалникот; тој ги отфрла обвинувањата и ги тужи за клевета;
– „Саботажа“.