Погледнете го новото дебатно издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 23 септември 2022 г. на ТВ Алсат
Со вицепремиерката задолжена за политика за добро владеење, Славица Грковска, и со естонскиот експерт за дигитален идентитет Раул Каидро разговараме – колку блиску или далеку е земјава од воведување електронска лична карта. Тимот од Естонскиот центар за меѓународен развој, кој и помага на владата во областите на дигитализација и е-управување, денвиве беше на прв состанок со Националниот совет за дигитална трансформација, а една од централните теми била токму воведувањето електронска лична карта. Естонија е лидер во дигитализација на општеството во светски рамки, а Раул Каидро е еден од водечките естонски експерти во областа на дигитален идентитет.
Со вицепремиерката Грковска разговараме и за промените во т.н. балансер, како и за случајот со се уште актуелниот министер за локална самоуправа Горан Милевски и медиумските наводи дека ангажирал свои блиски како хонорарни соработници на проект финансиран од швајцарската влада.