Погледнете го новото дебатно издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 21 октомври 2022 г. на ТВ Алсат
Емисијата прави пресек на годишната конференција за реформите во безбедносно-разузнавачкиот сектор што се одржа во Скопје во организација на Женевскиот центар за управување со безбедносниот сектор – ДЦАФ, на која беа отворени серија прашања за постигнувањата, проблемите и приоритетите во иднина во оваа област.
Гостин во студиото е директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, со кого разговараме за реформите, но и за националната безбедност – директните и индиректните закани од руската инвазија во Украина, хибридните стратегии, улогата на Руско-српскиот хуманитарен центар во Ниш, руското влијание на македонската политичка сцена, тензијата во односите со Бугарија, отворените прашања во регионот, повратниците од ИСИС..
Кон крајот е новата ,,Саботажа”.