Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 12 февруари 2024 г. на МРТ 1, во кое гостува Билал Касами – прв човек на Движењето Беса и еден од лидерите на коалицијата на опозициски партии кај Албанците
Дали преферирањето за евентуално партнерство при формирање идна влада е двострано – како што Христијан Мицкоски вели дека и дава предност на коалицијата на опозициски партии кај Албанците, дали и тие ја преферираат ВМРО-ДПМНЕ? Ова е една од темите за разговор со лидерот на Движењето Беса и еден од предводниците на „Европскиот сојуз за промени“, Билал Касами, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. По расколот во Алијанса за Албанците, Касами го прашуваме и во каква форма ќе ја официјализираат соработката со Арбен Таравари, колку се единствени во коалицијата во која партиципираат пет субјекти, кој ќе биде претседателски кандидат, кои ќе бидат носители на кандидатските листи за пратеници, зошто му се потчинија на Албин Курти, какви им се односите со амбасадата на САД, дали и на каков начин гледаат на прашањето за уставните измени при составување влада по изборите… Кон крај е и новата „Саботажа“.