Погледнете го новото издание на емисијата „360 степени”, емитувано на 19 февруари 2024 г. на МРТ 1, во кое гостува Артан Груби, вицепремиер и шеф на кабинет на лидерот на ДУИ, Али Ахмети
Дали Али Ахмети ќе биде кандидат на ДУИ за шеф на државата – е едно од прашањата во интервјуто со вицепремиерот Артан Груби, во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Со Груби разговараме и за опциите за настап на парламентарните избори, како и за варијантите за формирање влада по нив. Дали и како прашањето за уставните измени ќе влијае на составувањето на идниот владин кабинет е тема, исто така. Груби го прашуваме зошто досега не е изменет Изборниот законик и дали ДУИ прифаќа укинување на покривањето на предизборните реклами од државниот буџет. Едно од прашањата на кои разговараме во детали се измените во Законот за игри на среќа и одлуката на претседателот Стево Пендаровски да не го потпише указот за нивно прогласување поради несоодветна примена на европско знаменце. Разговараме дали лутината на ДУИ кон Пендаровски, всушност, не е поврзана со грижа за дислоцирање на обложувалниците и казината на 500 метри од училиштата туку со интересот да се озакони (член 7 став 3) нешто што претходно е направено со владини одлуки, а тоа е формирањето на уште четири трговски друштва за видеолотарија и интернет игри на среќа.