На три аеродроми откажани се повеќе од 100 летови, а денеска сите училишта ќе бидат затворени низ целата држава Синалоа
Тројца припадници на безбедносните сили се загинати во судирите во државата Синалоа по апсењето на синот на озлогласениот мексикански крал на дрогата „Ел Чапо“.
Бесни членови на банда поставија блокади на патишта, запалија возила, а нападнат е и локалниот аеродром.
Два авиони се погодени од огнено оружје од кои едниот додека се подготвувал за полетување, пренесува Би-би-си.
На три аеродроми во Синалоа откажани се повеќе од 100 летови.
Гувернерот на државата претходно изјави дека 18 лица биле примени во болница.
Видеа на социјалните мрежи покажуваат запалени автобуси кои ги блокираат патиштата во Кулијакан.
Размена на истрели меѓу безбедносните сили и членовите на бандата имало и вчера доцна попладне.
Денеска сите училишта ќе бидат затворени низ целата држава Синалоа.