Експлозијата се случила синоќа во градот Махачкала на западниот брег на Каспиското Море. Според првичните информации, 27 лица загинале, а најмалку 66 се повредени
Руските агенции јавуваат дека меѓу загинатите има три деца, а по експлозијата, настанал пожар кој доколку се проширел, ќе предизвикал поголеми експлозии на бензинската пумпа. Засега останува нејасно кои се причините за настанувањето на експлозијата, но според очевидци, експлозијата се случила кога настанал пожар од автомобил кој бил паркиран во близина на бензинската пумпа.
Руските власти велат дека пожартот започнал од сервис за автомобили, а на пожарникарите им требало повеќе од три и пол часа да го изгаснат пожарот, кој се проширил на површина од 600 квадратни метри.
Од 66 повредени, 10 се во критична состојба.