На протестот учествуваат и ученици од основните училишта и универзитетски персонал
Неофицијално, приведени се околу 20 – тина демонстранти
Полицијата во Атина употреби солзавец во обид да ги растера студентите кои протестираат поради предлог – законот за образование.
Протестите кои од самиот почеток беа масовни, започнаа мирно, со марш по уиците низ центарот на Атина, но кога поворката се доближи до Парламентот, студентите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон на плоштадот Синтагма.

Тогаш започнаа судирите со полицијата, кои попладнево преминаа во „војна“ при шти кон полицијата беа фрлен молотови коктели, камења и други предмети, додека таа возврати со солзавец и шок- бомби.
Неофицијално, приведени се дваесетина демонстранти.

Демонстрантите се уште се собрани на плоштадот Синтагма.
На протестот учествуваат и ученици од основните училишта и универзитетски персонал.


Гласањето за новиот закон, иако првично беше закажано за денеска, најверојатно ќе одржи утре и расправата наместо два, ќе трае три дена.
Со предлог-законот се воведуваат промени во системот за прием во високото образование, ограничено време за студирање – шест години за оние што се на факултетите со четири години и осум и девет години за високото образование што трае пет, односно шест години, но и промени во бројот на поени за запишување на факултет, како и можноста за формирање универзитетска полиција.
Инаку од утре, во Атина и регионот на Атика стапува на сила целосен карантин според кој целосно се затвораат продавниците, фризерските и козметичките слони, берберниците, но и училиштата и градинките, литургиите во црквите ќе бидат без верници, полицискиот час од понеделник до петок ќе биде од 21, а од 18 часот за време на викендите, движењето е само по претходно испратена смс порака, задолжителна употреба на маска…
Отворени ќе бидат само супермаркетите, продавниците за храна, аптеките, продавниците за домашни миленичиња, бензинските станици, центрите за техничка контрола на возила, како и сервисите за возила.
Исклучок има за цвеќарите кои ќе бидат отворени само следниот викенд на 13 и 14 февруари.
Овие мерки ќе важат до 28 февруари.