Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека вечерва ќе нема прослава, затоа што уште од утре треба да се фатат за работа
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, прогласи победа на опозицијата на локалните избори и посочи дека резултатот од денешното гласање не е финална победа, како што рече, туку е голем чекор до финалната победа.
„Ова е победа на народот, победа на обесправените, на тивкото мнозинство. И покрај протисоците, поткупот, полицијата на Спасовски, обвинителството на Русковска, примитивизмот на Заев. Ова е триумф на оние кои гласаа, но и оние кои не гласаа. Триумф на хероите на Македонија. Денес трешти гласот на промените. Ова е прв голем чекор до финалната победа“,
рече Мицкоски.
Тој рече дека ова е голем успех, но и голема одговорност и испрати порака дека ВМРО-ДПМНЕ нема да ги изневери граѓаните.
Мицкоски наброи во кои општини ВМРО-ДПМНЕ е извесна победа во првиот круг: Кисела Вода, Аеродром, Гази Баба, Прилеп, Штип, Виница… Рече дека ќе има втор круг во Центар, а веројатно и во Ѓорче Петров, за каде што посочи дека опозицискиот кандидат е во убедлива предност.