Прва реакција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ по завршувањето на гласањето
Победа и голема одговорност е првата оцена на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, по денешниот прв круг од локалните избори.
Тој се огласи на Фејсбук околу 20:30 часот, односно околу еден час по затворањето на сите избирачки места.
„Народот е определен. Надежта e родена. За секој човек во Македонија. Заеднички за новата иднина“,
напиша Мицкоски.