Министерот за одбрана Владо Мисајловски беше на министерскиот состанок на НАТО во Брисел каде САД ја промовираа идејата земјите членки на Алијансата да се обврзат да трошат најмалку 5% од својот БДП на одбраната, што е голем раст од сегашната долна граница од 2%. Во интервју за „360 степени“ Мисајловски вели дека таа цел е тешко достижна за земјава, но не ја отфрли
Клучното прашање за кое се разговараше на состанокот на министри за одбрана на НАТО е мирот во Украина, додава Мисајловски, но и како членките на Алијансата ќе учествуваат во обновата на Украина. Тоа ќе значи дека и Скопје ќе треба да го помогне Киев
Насловните страници на светските медиуми во последните 24 часа се исполнети со новите ставови на САД за војната во Украина, како и за разговорите кои се водеа на таа тема на министерскиот состанок на НАТО во Брисел. А таму, столче на главната маса има и земјава.
Од прва рака да слушне, но и да каже што мисли за клучните тема во светот во моментов, имаше можност министерот за одбрана Владо Мисајловски. „360 степени“, пак, доби шанса да го праша – кои се правците во кои ќе се движи Алијансата и што ќе значи тоа за земјава.
360°: Г-дине Мисајловски, во каква атмосфера поминува состанокот на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО, особено по пораките од Вашингтон кои се однесуваат на Украина, план кој можеби нема да го почитува територијалниот интегритет и суверенитет на земјата и кој бара европските сојузници во НАТО да преземат поголем дел од товарот во поддршката на владата во Киев?
Мисајловски: Реториката што претходно ја слушавме и јас еве бев сведок на претходниот министерски состанок и она што го слушавме во Вашингтон, но и во Рамштајн на контакт -рупата за Украина е сосема сменета. Се разговара за нов план, а тоа е планот за мир и да, има многу прашања како Европа сега ќе биде дел од целиот овој процес на преговори, но најважно од се е што реториката е сменета и секоја земја се обидува да се најде во делот на постигнување на мирот. Доколку минатите месеци и години се зборуваше за донации, сега се поставува прашањето колку тие донации помогнаа или едно од прашањата што е навистина интересно што Русија во овој момент произведува повеќе воена опрема отколку сите европски земји заедно. Се поставуваат многу прашања и многу дилеми токму на овој состанок, но реториката е сосема сменета, се оди кон правецот на мир. Јас го поздравувам сето тоа, да се оди во правец на мир, но Европа мора да биде исто така дел од тој процес. Се наметнува и она прашање за Договорот од Минск што е постигнат и дали тој е сличен сега нов договор што би се склучил и повторно би бил нарушен бидејќи во минатото иако имаше договор, видовме дека Русија постапи спротивно на договорот и направи целосна агресија, односно војна кон Украина со земање на дел од нивните територии. Но, она што во овој момент е најважно е тоа што новата администрација, посебно од Америка бараат како планот побрзо да се реализира и обновата што ќе следи во следниот дел, односно како земјите членки дополнително да издвојуваат, тоа се однесува и на нас, за обнова на Украина во различни сегменти.
360°: Постои впечаток за искричење во тоа трансатлантско партнерство помеѓу Вашингтон и европските сојузници, бидејќи по синоќешниот разговор помеѓу двајцата претседатели Доналд Трамп и Владимир Путин, европските сојузници порачаа дека какви било разговори за Украина се неможни без украинско и европско учество, дека не може само двајца претседатели на Русија и Америка да разговараат за тоа како ќе изгледа мирот во Украина.
Мисајловски: Да, но целта на овие преговори е главната сила, најголемата сила да ги преземе обврските кон склучување на договор, од она што можевме да го слушнеме, но тоа значи дека и големите европски сили, се разбира, но и сите од семејството на НАТО би помогнале во делот на одржување на постигнатиот договор за мир. Тоа значат многу сегменти кои се збореа, но првин да видиме како ќе се движат оние чекори, чекор по чекор односно, да видиме како ќе се доближува онаа можност за мир, а потоа се разбира ќе имаме сите земји обврска и тоа се едни од најважните прашања што се поставуваат еве и на сите министри за одбрана овој период бидејќи она што претходните месеци и години се разговараше, за помош и за донации и тоа е она што се прави сега кога веќе сегментот се прави ако се воспостави мир, како нови средства да се одвојуваат од секоја една земја за обнова на Украина и ова се сериозни средства, но исто така се разговара и за трупи коишто би помогнале, односно мировници кои би биле пратени на терен за да го задржат мирот постојано.
360°: Има ли промена во ставот на Владата во Скопје во однос на поддршката за Украина и Киев по сите овие случувања изминатиов период?
Мисајловски: Не, апсолутно. Ние сме зазеле став како држава. И претходно истиот став го имале претходните раководства. Апсолутно, секој еден став што ќе го каже НАТО е наша обврска да го преземеме и да го почитуваме, но околностите во овој момент се менуваат. Околностите сега во овој момент што ги разговаравме се како побрзо да се постигне мир, како да учествуваат сите европски земји, но исто така она што денеска го слушнавме е зголемување на буџетот до пет проценти. Тоа е навистина, секој би се сложил со мене, сериозна работа што ние како држава треба да ја направиме поготово да одвоиме толку средства, но исто така да ги подобриме сите наши цели, односно она што се бара од НАТО во наредниот период, да се модернизираме итн.
360°: Ги спомнавте средствата што се одвојуваат за одбрана. Ние како држава тука некаде се движиме околу два проценти, меѓутоа се погласни се зборувањата. Генералниот секретар Руте спомена 3,7. Денеска американскиот секретар за одбрана зборува и за пет проценти. Колку е тоа реално остварливо за една држава како што е Северна Македонија?
Мисајловски: Многу е тешто да се стигнат пет проценти. Заеме дека и тоа што го имаме во системот што треба да се промени во нашата држава, тоа е навистина сериозна сума. Ако сега процентот ни е два прценти и ни е над два проценти, тоа е сериозна сума пари што ги издвојува целиот буџет на Министерството за одбрана. За пет проценти да стигнеме ние постепено треба да ја качуваме нашата ставка односно во делот на процентите во буџетот од БДП. Јас се надевам дека ќе правиме добри политики, дека ќе имаме заштеди каде ќе можеме дополнително да го зголемуваме буџетот во модернизацијата пред сè бидејќи има процент колку од тој буџет треба да биде наменски. Не само да направите и фиктивно да прикажете дека го имате тој буџет, туку и да го искористите правилно. Јас сум убеден дека постепено тоа ќе го правиме, но не можеме наеднаш бидејќи не можат многу земји тоа да го исполнат. Еве една Канада не може да стигне од два проценти, а има некои земји што веќе стигаат до пет проценти како што е Полска. Но, еве денеска слушнавме на состаноците дека Турција веќе има план како да стигне до тие проценти и други земји каде што размислуваат како да стигнат до тој процент. Дали се сборуваше конкретно за 3,7 проценти – не се зборуваше, но се зборуваше над три проценти и на кој начин да се крева онаа стапка на буџетот во министерствата за одбрана. Важно е што во новата администрација на САД бараат да биде над пет проценти што е сериозно, но тоа ќе биде една рамка каде што ние постепено ќе треба да се движиме и полека и внимателно да го остваруваме. Морам да ви кажам дека денеска во моето обраќање јас реално објаснив дека она што се зададени цели кон нас за во делот на модернизација итн., за утре кога ќе има оценување од наша страна, ние треба да внимаваме што реално можеме да исполниме. Ние можеме да преземеме било каква одговорност тука во НАТО дека дополнителна опрема ќе купуваме, но треба да ја погледнеме реалноста и низ годините што следат внимателно да го програмираме сето тоа за да покажеме дека да, навистина се модернизираме, но нема да излажеме бидејќи не може само туку-така да речете – да, ќе достигнеме следната година пет проценти кога треба исто така да се градат училишта, болници или да се помага секој еден сектор во државата.
360° : Еден дел од таа модернизација се потпира на стратешки партнерстав со одредени партнери, земји членки на НАТО. По најавите за кратење и суспендирање на таа надворешна помош на САД –дали е засегната и воената помош за нас бидејќи Вашингтон и Скопје имаат потпишано десетгодишен патоказ за соработка во одбраната, сектор во кој досега Вашингтон има инвестирано милиони долари?
Мисајловски: Да, најмногу се донира поготово во делот на одбраната и навистина сум благодарен и секој што бил пред мене и после мене најмногу значи таа соработка со нашите стратешки партнери бидејќи тие се огромни средства. Немаме најава дека ќе се скрати било каква помош, еве минатата година до крајот на годината заклучивме неколку договори со нашите стратешки сојзуници за различни видови дронови што ќе ги набаваиме од нив, за различна опрема што треба да го промениме оружјето во нашата армија, но и во делот на сајбербезедноста. Тоа се веќе договори што ги започнавме. Со сите најави дека ќе се кратат одредени средства, постои можност и тоа да се случи, но сега конкретно немаме најава дека во делот на одрбаната нешто ќе биде скратено. Останува да видиме бидејќи станува збор за многу грантови што се директни, но има можности во тие фондови да учествуваме целосно со национални средства, што дополнително би земале нова опрема во наредниот период. Тоа се едни од најдобрите договори кои можеме да ги склучуваме, но од друга страна навистина најмногу ни помагаат. Било какава информација која може до нас да стигне дека има намалување на тие средства или суспензија, веднаш се разбира ќе информираме, но ако има такво нешто веднаш треба да почнеме дополнителни средства да одвојуваме за нас за модернизацијата.
360° : Овие два дена во Брисел како шеф на одбраната какво ви е чувството, како ќе се движи целата ситуација на стариот континент поврзано со конфликтот во Украина?
Мисјаловски: Ако до пред неколку недели целосно се зборуваше за што повеќе опрема да се даде кон Украина, ако се зборуваше секоја земја да одвои дополнителен арсенал што го бара Украина за помош, таа реторика е сменета целосно. Кога зборувам целосно, тоа мислам значи – да, останува ако има можност некој дополнително да помага и во овој период, но секоја една земја членка особено сите земји членки на НАТО треба да се свртат кон себе и максимално да се модернизираат, а ист така да помагаат на било кој сосед или некој нападнат за својот територијален интегритет. Но, она што можам да го видам тука е дека се зборува се почесто за мир. Минатите сесии тоа не се зборуваше, само една или две земји го поттикнаа прашањето дека треба да се размислува што побрзо за мир, сега ова прашање скоро скеоја земја го отвора – на кој начин ќе биде мирот и што потоа? А што потоа значи дополнителни обврски за нас како земја. Тука треба да гледаме дека во наредниот период ќе имаме дополнителни обврски, не зборувам само во делот на одбрабата туку и финанасиски обврски спрема Украина и она што сме го давале како помош сега да го даваме допонително како помош за други намени.