Во рубриката „Микрофонот е ваш“, наспроти јавното внимание на големата корупција, се фокусираме на т.н. ситна корупција. Нашите соговорници одговараат на прашања поврзани со квалитетот на услугата што ја добиваат на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, за тоа дали „подмачкување“ врши работа за да се заврши некоја услуга, дали некој им побарал мито, дали ако му дадат подарок на докторот – тоа се смета за корупција и дали користат пријателски врски за да стигнат до доктор?
Погледнете го видеото.