Како што може да се види на видеото објавено на социјалната мрежа Икс, дел од обезбедувањето почнале да удираат по граѓаните, на што тие возвратиле. Сè завршило со бегство на обезбедувањето во периметарот на зградата
Масовна тепачка избила денеска пред зградата на градското собрание на Белград меѓу граѓани и припадници на обезбедувањето. Конфликтот избувнал кога толпата се обидела да ја тргне безбедносната ограда, по што од обезбедувањето ја прескокнале бариерата и физички ги нападнале граѓаните. Во еден момент ситуацијата ескалира во сериозна пресметка.
Како што може да се види на видеото објавено на социјалната мрежа Икс, дел од обезбедувањето почнале да удираат по граѓаните, на што тие возвратиле. Сè завршило со бегство на обезбедувањето во периметарот на зградата.
Privatni Šapićevo obezbedjenje tuče građane ispred skupštine grada Beograda!!! pic.twitter.com/Ib2we9kh7u
— Miloš Vučković (@Zvezdarko) March 6, 2025
Во градското собрание на Белград денеска се одржува седница на која советниците расправаат за повеќе предлози, меѓу кои и ребаланс на буџетот за градските комунални претпријатија и планови за урбанистичка регулација.
Граѓанската иницијатива „Мостот останува“ ги повика граѓаните и претставниците на опозицијата да ја блокираат седницата со образложение дека единствените легитимни точки на дневниот ред требало да бидат поддршка на студентските протести и ставање мораториум на нетранспарентни градежни проекти.
На самиот почеток на седницата советниците од опозицијата ја отсвирија химната „Бог на правдата“, развиорија знамиња и неколку пати ја пееја химната. И покрај сè, седницата продолжи.