Паралелно, се одигрува и заложничка драма во ресторан на другиот крај на градот. Полицијата потврди првично дека има двајца загинати
Серија инциденти ја потресуваат вечерва Виена.
Австриските медиуми јавија дека најмалку седум лица загинале, а повеќе се повредени во вооружен напад во центарот на австриската престолнина.
Од австриската полиција досега потврдија дека во нападот загинале еден напаѓач и еден минувач, како и дека има поголем број повредени.
Терористичкиот напад се случи во близина на синагога, а паралелно со пукотниците во центарот на Виена, како што јавуваат странските медиуми, се одвива заложничка драма во ресторан на другиот крај на градот.
Според информациите, во нападот учествувале најмалку двајца мажи наоружани со автоматско оружје, за што сведочат и шокантните снимки што ги снимиле некои од граѓаните кои живеат во близина.
Aparentemente un atentado de musulmanes en una Sinagoga en Viena.
— ?????, ?????, ????? (@aaronyokheved) November 2, 2020
Hablan de un hombre con explosivos.
Rumores aún. #Wien #Vienna pic.twitter.com/lrwrC8dCJ3
Паралелно со нападот кај синагогата во центарот на Виена, се одигрува и заложничка драма во ресторан на другиот крај на градот.
Ресторанот е оддалечен околу два километри од синагогата. Засега нема информации за бројката на заложници. Тамошните медиуми јавуваат дека во локалот упаднал еден напаѓач со автоматска пушка.
Се појавија информации и за напад на трета локација, ама засега нема службена потврда за тоа.
Еден минувач и еден напаѓач загинаа, а поголем број се повредени за време на вечерашниот напад во Виена, изјави вечерва портпаролот на полицијата Харалд Серес.
Серес рече дека полицијата успеала да убие еден осомничен за вооружениот напад во центарот на Виена, а кај него била пронајдена „долга цевка“.
Што се однесува до идентитетот на убиениот, тој рече дека истрагата е во тек и дека не може да каже ништо за тоа, ниту за позадината на нападот, кој започна околу 20 часот.
Полицискиот портпарол рече дека имало шест места каде се пукало во близина на улицата каде што се наоѓа синагогата во Виена.
Здружението на виенски болници соопшти дека 15 повредени лица биле донесени во болниците, од кои седум тешко повредени.
Серес потврди дека има многу повредени, тешко повредени, меѓу кои и еден полицаец.
Тој посочи дека полициската акција сè уште трае и апелираше до граѓаните да не ги напуштаат своите домови, како и оние кои се наоѓаат во угостителски објекти да не излегуваат до понатамошно известување.