На видеото може да се види дека Макрон ненадејно ја спушта раката под маса среде полемиката, а се гледа како го симнува часовникот дискретно, ставајќи го до себе од левата страна за да не се види на камерата
Францускиот претседател Емануел Макрон предизвика скандал за време на телевизиско интервју во кое говорел за пензиските реформи.
C’est finalement l’image de cette interview #Macron13h :
— Clémence Guetté (@Clemence_Guette) March 23, 2023
Au moment de parler des “smicards” qui n’ont “jamais autant gagné de pouvoir d’achat”, il retire discrètement sa jolie montre de luxe, sous la table.
Cet homme est une farce. #Greve23mars pic.twitter.com/DvhreQ0S3n
Францускиот претседател, зборувајќи за оние кои примаат социјална помош и ја злоупотребуваат, сосема несвесно ја подигнал својота рака и го покажал часовникот за кој некои тврдат дека чини 80 000 евра.
На видеото може да се види дека Макрон ненадејно ја спушта раката под маса среде полемиката, а се гледа како го симнува часовникот дискретно, ставајќи го до себе од левата страна за да не се види на камерата, а потоа ја продолжува расправијата, само овој пат без часовникот на раката.
Macron while asking for sacrifices from the French people realizes he is wearing a € 80,000 watch and like a magician makes it disappear under the table. Unworthy. pic.twitter.com/zRiQWFAR1M
— RadioGenova (@RadioGenova) March 24, 2023
Сè се случуваше додека демонстрантите го палеа градското собрание во Бордо во четвртокот вечерта, а полицијата фрлаше солзавец на улиците низ Франција.
Немирите во Франција уследија откако француската влада ја искористи својата специјалната уставна моќ за да го усвои законот за пензиска реформа без гласање во парламентот.
Законското решение предвидува зголемување на старосната граница за пензионирање од 62 на 64 години.
За францускиот претседател Емануел Макрон, ваквата реформа е неопходна.