Од ЦУК велат дека на терен има екипа скопски пожарникари кои вршат обиколка и догаснување на остатоците од пожарот
Трите „ертрактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување, како и едниот хеликоптер на МВР го локализираа пожарот во борова шума кај селото Љубин во Општина Сарај што избувна попладнево, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Од ЦУК велат дека на терен има екипа скопски пожарникари кои вршат обиколка и догаснување на остатоците од пожарот.
Интервенцијата на хеликоптерот и „ертракторите“, од ЦУК велат дека била поради тоа што Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје имала ангажман на повеќе пожари во исто време и имало недостиг на противпожарни сили.
„Заради истовремен ангажман на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, на неколку пожари во исто време и недостиг на противпожарни сили, близина на населени места, а и заради намалувањето на периодот за оперирање на крајот од денот, во гаснењето на пожарот кај селото Љубин се вклучи еден полициски хеликоптер и трите авиони ‘ертрактор’ на ДЗС“,
се вели во соопштението од ЦУК.