Невреме со силен ветар денес околу 13 часот го зафати Делчево. Ветарот успеа да откорне неколку лимени покриви меѓу кои и на една од зградите во центарот на градот, објави порталот delcevo365.mk. Силниот ветер откорнал и дрвја низ градот. Нема повредени.


*поврзана вест: (ВИДЕО) Поплавен плоштадот во Охрид
