Во 20 часот во „Дневник 2“ на првиот програмски сервис на МРТ, синоќа беше промовирана песната со која Македонија ќе настапи на детскиот Евросонг
Видеоспотот за песната која годинава ќе нè претставува на 20-то издание на Јуниорскиот Евросонг е завршен.
Лара, Јован и Ирина со песната „Животот е пред мене“ ,чиј автор е Симон Трпчевски, продуцент Дарко Димитров, а текстот е на Јован Трпчески и Лара Трпческа, на евровизиската сцена ќе застанат на 11 декември во Ереван, по победата што Малена ѝ ја донесе на Ерменија.
Во 20 часот во „Дневник 2“ на првиот програмски сервис на МРТсиноќа беше промовирана песната со која Македонија ќе настапи на детскиот Евросонг.
Македонија идната година нема да учествува на Евровизија 2023 година. Парите за учество на оваа манифестација ќе се пренаменат за покривање на трошоците за струја, информираше неодамна директорот на Македонската радио-телевизија, Марјан Цветковски.
Ова е првпат по осамостојувањето Македонија да се откаже од учеството на најголемата музичка манифестација во Европа.