Александар Кржаловски, аналитичар и прв извршен директор на невладината МЦМС во дебата на „360 Степени“, зборуваше за калкулациите на партиите околу исходот од изборите и нивните потези согласно овие проекции.
„Очигледно очекуван е и најавен е пад на економијата, сите проекции и на владата и на меѓународните институции предвидуваат пад во следниот квартал. Претпоставувам ВМРО-ДПМНЕ калкулира со тоа – колку подоцна, толку полошо ќе биде, односно подобро за нив“,
вели Кржаловски.
Тој оценува дека може да биде тешко обезбедувањето пари преку задолжувања на надворешни пазари, бидејќи и многу поголеми држави имаат потреба од задолжувања, и дека тие ќе бидат приоритет.
„Чудна ситуација е кога не можеме да ги оствариме приходите што се планирани поради ситуацијава, да планираме поголеми расходи од првично планираните, во услови на 400 милиони евра помали приходи во државата, прашање е дали ќе се изведе сето тоа. Има индикатори за многу помала наплата на даноците“,
вели Кржаловски.
Тој вели дека мерките кои ги најавува и спроведува Владата се изводливи на краток рок, но дека не знае дали ќе може ваквата ситуација да се одржи до септември и дека затоа СДСМ сака брзи избори наспроти ВМРО-ДПМНЕ кои типуваат на пад на економијата што би било добро за нив на изборите.