Станавме земја во која има демократски услови, додека во минатото имаше недостатоци во демократските процедури во земјава, вели премиерот за подобрувањето во извештаите на „Транспаренси интернешнл“
Борбата против криминалот и корупцијата даде резултати со подобрување на нашата позиција во извештаите на „Транспаренси интернешнл“. Дега станавме земја во која има демократски услови, додека во минатото имаше недостатоци во демократските процедури во земјава, и сме мошне среќни поради ова подобрување“, вели премиерот Ковачевски за „Еуроњуз“.
Тој во интервјуто додава дека макрофинансиската помош на Европската Унија помогна многу, не само од перспектива на чиста финансиска помош, туку и од аспект на продолжување со реформите што ги започнавме во областа на управувањето со јавните финансии и во другите области.
„Ова, исто така даде јасен сигнал до другите меѓународни финансиски институции и донатори со кои соработуваме, дека имаме стабилна економска политика во време на кризи“,
оценува Ковачевски.
Тој се осврна и на обезбедената редовна координација со институциите на ЕУ во насока на зајакнување на јавните институции, со цел соодветно остварување на потребните реформи.
Повтори дека Северна Македонија има јасна стратешка цел да стане полноправна членка на евроатлантските асоцијации. Тој ги истакна придобивките од членството во НАТО како 30-та земја членка, што се реализира на 30-годишнината од независноста. Ковачевски додаде дека новиот дијалог со неговиот бугарски колега Кирил Петков е со цел да се врати довербата меѓу двете земји за да се поттикне остварувањето на аспирацијата на земјата за членство во Европската Унија.
„Ние сме веќе во 17. година (со кандидатски статус во ЕУ) и, за жал, се уште не сме ги почнале преговорите. За жал, минатата година се соочивме со уште еден предизвик наметнат од претходната бугарска Влада. Двете нови влади почнавме нов дијалог, со премиерот Кирил Петков, со цел да ги вратиме вербата и довербата“,
вели Ковачевски.