За се она што го имавме пред нас како обврска да го заштитиме идентитетот и да обезбедиме иднина за државата и нашите граѓани. Сите претседатели на партии го кажаа својот став и можам слободно да кажам дека имаа државнички став, рече Ковачевски, по средбата со коалициските партнери, додавајќи дека дискусијата на состанокот била исклучитечно конструктивна, а сите дискуии исклучително државнички
Сите претседатели на партии го кажаа својот став и можам слободно да кажам дека имаа државнички став. Вака премиерот Димитар Ковачевски го опиша резултат од денешната средба во Владата со владините коалициски партнери, на која претседателите на партиите го добиле францускиот прелдог, а и биле детално информирани за целиот процес од министерот Османи и вицепремиерот Маричиќ.

„Вицепремиерот Маричиќ и министерот Османи денес го образложија предлогот пред коалицските партнери. Позицијата во која денес се наоѓаме е далеку поповолна за нас. Нашата позиција и стратегија дадоа резултат. Пред нас имаме предлог кој ги инкорпорира нашите забелешки и јасно изразени ставови за да изградиме официјачен став како држава“,
кажа Ковачевски.
Дискусијата на состанокот, како што опиша тој, била исклучитечно конструктивна, а сите дискуии исклучително државнички.
„За се она што го имавме пред нас како обврска да го заштитиме идентитетот и да обезбедиме иднина за државата и нашите граѓани. Сите претседатели на партии го кажаа својот став и можам слободно да кажам дека имаа државнички став“,
рече Ковачевски.

Денешниот состанок, како што посочи премиерот, е прв во низата средби преку кој се започнува широкиот консултативен процес во јавноста околу францускиот предлог, кој е веќе објвен на вебстраницата на Владата на Република Северна Македонија. Ковачевски додаде дека дијалогот продолжува и со претседателот на државата, Стево Пендаровски, кој, како што нагласи Ковачевски, е досега целосно упатен и консултиран со сите детали. Премиерот најави дека по ова прашање ќе се дебатира и во парламентот, со опозицијата како и со граѓанскиот сектор, медиумите и експертската и севкупна јавност во земјата.
„Предлогот го гледаме како солидна основа за градење сериозен, одговорен и државнички став за можноста која се отвора за нашата земја. Сите лажни тврдења во различни форми сметам дека потонаа. Како влада доследно се држевме до државните позиции во преговорите со Бугарија во секој поглед. Го штитевме државниот интерес и мекдонскиот национален идентитет. Ветивме дека ќе се избориме да ги зачуваме клучните црвени линии кои со месеци ги повторувавме и за кои собранието усвои консензуална резолуција“,
истакна премиерот на прес-конференцијата по средбата со коалиционите парнери.
Ковачевски уште еднаш повтори дека во европскиот предлог се дефинирани позициите за јасно и недвосмислено прифаќање на македонксиот јазик, како и дека протоколот да не биде дел од преговарачката рамка.
„Многу важно, нашата позиција за понатамошно отпочнување безусловно на преговарачкиот процес и одржување на меѓувладина конференција со ЕУ исто така е инкорпориран во предлогот којшто е доставен кај нас“,
потенцира Ковачевски.
Тој додаде оти Владата има план и стратегија која што дава резултат, а оти процесот на носење конечна одлука е транспарентен и отворен за јавноста.
Ковачевски: И јас имав забелешки на првичните идеи и нацрт на предлогот
На прашањето, дали ја имаат целосната поддршка од сите партнери, имајќи предвид дека кога се спомена француски предлог првиот пат некои се заканија со напуштање на коалицијата, Ковачевски рече дека и самиот тој имал забелешки.
„Во однос на тнр првичен предлог, кој практично беше идеи и нацрт како ќе изгледа предлогот, забелешки имав и јас. Сите ние коментиравме и даваме мислења тука, но еден мораше да оди на на средбата со лидерите на 27 земји и јасно да го каже ставот во името на коалицијата, претседателот на државата и граѓаните. И тогаш немаше разлики само што некој беше во позиција да го каже јавно ставот, а другите бидејќи бевме дел од процесот моравме да го кажеме на место најсоодветно за тоа, а тоа беше кај што седеа сите лидери. Ние кажавме дека сме отворени за разговоири од кои сега произлезе предлогот кој ги вклучува нашите барања“,
рече Ковачевски.

За тоа дали е можен консензус со опозицијата која се спротивставува, Ковачевски повика на одговорност кон државата, а не да се мисли на својата политичак кариера и изборен резултат.
„Обврска на секој политичар во државата е да мисли на генерациите напред, а не на својата политичка кариера и својот изборен резултат. Лидерски концепт во политиката е кога треба да кажете не, да кажете не, како јас, поддржан од коалицијата, претседателот на државата и граѓаните. Кажав не и продолживме со преговорите и дојдовме до решение за кое денес разговараме. Сметам дека сите партии треба да се борат за подобра иднина на оваа држава. Не смееме да бидеме држава која не сака да се изолира. Може човек поединец да остане изолиран сам, или политичка партија сама за себе, но не смее да се дозволи државата и граѓанитеда бидат изолирани. Оваа држава РСМ се наоѓа во срцето на Европа. Станавме членка на НАТО благодарение на мнозинството граѓани и политички партии кои и денес се тука. Вие прашувате за партии кои беа и против членството во НАТО. И затоа ги повикувам да разговараме, да го погледнеме предлогот и заедно да донесеме одлука дека државата ќе оди во насока на ЕУ. Бидејќи со носење правилна одлука ние почнуваме со првата меѓувладина конференција“,
рече Ковачевски.
Ковачевски не сакаше да ги коментира пишувањата на бугарските медиуми, туку само рече дека бугарското Собрание изминатиот период донесе нова резолуција со која ја анулираше претходната која беше рестриктивна во однос на кревање на ветот и тоа овозможи, како што рече, да се дојде до ова.
За тоа дали овој предлог ќе оди на рефернедум Ковачевски рече дека ова е предлог кој оди во Собрание во согласност со уставното уредување нанашата држава, а дека ние како држава сме се определиле дека сакаме и стратешка цел ни е членство во ЕУ.