Маврово и Ростуше масовно и достоинствено гласаше за Медат Куртовски и европската коалиција предводена од СДСМ, рече Ковачевски
Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, вечерва во Ростуше прогласи уште победа на кандидатот на СДСМ за градоналник Медат Куртовски.
„Маврово и Ростуше масовно и достоинствено гласаше за Медат Куртовски и европската коалиција предводена од СДСМ. Со 3 238 гласови наспроти 1 900 гласови се потврдата дека Медат одлично си ја врши својата работа последниве четири и со уште поголем елан продолжува да ја води општината и во следните четири години, во интерес на граѓаните. Ви благодарам за поддршката и за укажаната доверба и ви честитам и вам и на Медат за изборот за градоначалник“,
рече Ковачевски во обраќањето.
Претседателот на СДСМ додаде дека ова е прва изборна победа откако е претседател на СДСМ и откако ја предводи владејачката, европска коалиција.
„Драги сограѓани, денеска покажавте дека во тешки времиња знаете да препознаете вистински политики и знаете да препознаете кој работи за граѓаните. Не само во Маврово и Ростуше, туку и во Центар Жупа победи европскиот концепт на владината коалицијата. Денеска имавме избори во две општини и во двете победија кандидати на нашата коалиција. Ова е прва победа откако јас ја предводам оваа европска коалиција, и значајна е затоа што покажува и ги потврда исправните, вистински политики. Почитувани граѓани, испратена е јасна, гласна и силна порака: Европска Македонија е единствениот апсулутен победник на овие избори денеска“,
рече Ковачевски.
Обраќајќи им се на жителите тој рече дека покажале оти во тешки времиња знаат да препознаете вистински политики и знаат да препознаат кој работи за граѓаните.
За победата на Медат рече дека е победа на концептот кој создава напредно и развиено општество, европски вредности и европска иднина за целата држава.
„Не само во Маврово и Ростуше, туку и во Центар Жупа победи европскиот концепт на владината коалицијата. Денеска имавме избори во две општини и во двете победија кандидати на нашата коалиција. Ова е прва победа откако јас ја предводам оваа европска коалиција, и значајна е затоа што покажува и ги потврда исправните, вистински политики. Почитувани граѓани, испратена е јасна, гласна и силна порака: Европска Македонија е единствениот апсолутен победник на овие избори денеска“,
рече Ковачевски.
Според моменталните податоци на вебстраницата на ДИК, Куртовски од досега преброените гласови има освоено 2 515, а противкандидатот Мевмед Џафери од ВМРО-ДПМНЕ 1 166 гласа.
Излезноста е над 50 отсто.