Претходно, локалните медиуми објавија дека пожарот брзо се разгорува од силниот ветер. Од снимките се гледа дека горат делови од шума, земјоделски површини, нискостеблести растенија и трева
Голем пожар на отворено вечерва беснее во делот од Струмица покрај градските гробишта, населбата Сафилар и кон селото Баница, јавуваат локалните медиуми.
Пожарот брзо се разгорува од силниот ветер. Според тоа што може да се види од снимките, горат делови од шума, земјоделски површини, нискостеблести растенија и трева.
Засега нема информации за тоа како избувнал големиот пожар.
Според информациите, сите противпожарни екипи од Струмица се обидуваат да го локализираат пожарот и да спречат тој да стигне до куќите и до другите објекти.
На помош пристигнуваат и пожарникари од други градови.
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, на својот фејсбук-профил пред малку информира дека е локализиран пожарот на струмичката страна и оти веќе нема опасност за куќите во Баница.
„Благодарност до екипата на ТППЕ и секој струмички пожарникар и до сите кои се вклучија во гаснењето. Пред неколку недели реков дека ги знаеме и дека ги гониме оние кои подметнуваат пожари. Лично ќе се заложам до крај сите да одговараат“,
порача Костадинов.