Коронавирусот значајно ги смени формите преку кои партиите се обидуваат да остварат контакт и да им ги претстават своите програми на потенцијалните гласачи. Нема масовни митинзи, а и на собирите на кои присуствуваат ограничен број посетители задолжително е придржувањето до мерките за заштита од вирусот.
Колку партиските првенци се придржуваат до нив проверивме на настани организирани од четирите најголеми блока. Во ова видео за коалициите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ.