Сите нови министри денеска ги презедоа функциите од своите претходници, а досегашниот премиер Зоран Заев му ја предаде должноста на Ковачевски и замина од „Илинденска“
Новата Влада на Северна Македонија, предводена од Димитар Ковачевски, ја одржува првата (конститутивна) седница откако вчера беше избрана во парламентот со 62 гласа „за“.
Новата Влада, во која учествуваат СДСМ, ДУИ, Алтернатива и ЛДП, брои 21 член.
Сите нови министри денеска ги презедоа функциите од своите претходници, а досегашниот премиер Зоран Заев му ја предаде должноста на Ковачевски и замина од „Илинденска“.
Денеска се очекува Славица Грковска, Бојан Маричиќ, Фатмир Битиќи и Артан Груби да бидат именувани за вицепремиери за борба против корупцијата, за европски прашања, за економија и за политички систем. Груби, веројатно, останува и прв вицепремиер, како функција што беше првпат воспоставена во претходната влада.

Ковачевски ја формира Владата откако неговиот претходник Зоран Заев поднесе оставка во парламентот. Претходно, Ковачевски беше избран за лидер на СДСМ, откако по оставката на Заев и од партиската функција беа распишани вонредни внатрепартиски избори.