Маските како превенција од коронавирусот може да бидат ефикасна заштита само доколку правилно се носат, посочуваат од Министерството за здравство.
Во видеото на Фејсбук страната на министерот Венко Филипче, објаснето е кога и како треба да се користат заштитните маски.
Во него се повторува дека маските се препорачуваат за лица кои имаат симптоми на настинка и респираторни заболувања или сметаат дека можно е да имаат контакт со заболено лице. Пред секое ставање и вадење на маската задолжително треба да се дезинфицираат рацете и маската да се фрли во затворена корпа за отпадоци за да се спречи понатамошно ширење на вирусот.