Тој вели дека „руските варвари извршија голем терористички напад“ на Киев и дека во нападот загинаа најмалку пет лица
Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на својот канал на Телеграм објави нова информација за рускиот ракетен напад што се случи утринава врз главниот град на Украина.
Тој вели дека „руските варвари извршија голем терористички напад“ на Киев и дека во нападот загинаа најмалку пет лица.
„Утринава и во текот на денот беа погодени неколку области на Киев, особено центарот на градот. Избезумениот агресор погоди и неколку важни инфраструктурни објекти“,
рече Кличко и додаде дека досега е потврдена смртта на пет лица од нападот на Киев, а 51 лице се повредени.
Од повредените, 42 се пренесени во болница.
„Заканата од нови напади продолжува“,
заклучи Кличко.
Руските напади врз украинските градови и провинции ги потврди претседателот Володимир Зеленски, кој на Телеграм објави дека нападите се се насочени кон енергетската инфраструктура низ целата земја.
„Енергетските капацитети во Киев, Лавов, Днепар, Виница, Запорожје, Харков и други региони се погодени. Тие сакаат паника и хаос, сакаат да го уништат нашиот енергетски систем. Тие се безнадежни“,
рече тој во објава на Телеграм.