Ова е успех зашто заседаваме само една недела од нашата прва средба во Скопје, рече македонскиот премиер во своето воведно обраќање
Успех сам по себе е денешната заедничка седница меѓу владите на Северна Македонија и на Бугарија, оцени македонскиот премиер Димитар Ковачевски во своето воведно обраќање на почетокот на седницата во вилата „Бојана“ во Софија.
Ковачевски, како што јави известувачот на „360 степени“ од Софија, рече дека Скопје и Софија ќе покажат дека и на Балканот може да се соработува.
„Ова е успех зашто заседаваме само една недела од нашата прва средба во Скопје, на која се договоривме да работиме на теми што се значајни за граѓаните – подобра соработка, подобра комуникација, засилена економска соработка. Затоа денес се работи на теми поврзани со Коридорот 8, образованието… Сето тоа треба да не доведе да и покажеме на Европа дека на Балканот може и треба да се соработува. Ќе покажеме дека сме пример за тоа како се соработува. Кирил и јас сме луѓе кои сакаат ексел-табели и сакаат рокови и остварување“,
рече Ковачевски.