Новата година веќе пристигна во повеќе светски метрополи. Меѓу нив е и главниот град на Јапонија, Токио каде новата 2023 година беше пречекана со огномет на морскиот брег.
Претходно, повеќе од 100 000 пиротехнички средства беа лансирани на небото во Сиднеј, Австралија, од чамци, мостот во пристаништето, операта и покривите во градот. По неколку години поминати само со симболична прослава поради ограничувањата за ковид-пандемијата, Сиднеј е една од светските метрополи која приреди спектакуларен дочек за паметење на Новата година.
Инаку, жителите на островите Самоа и Кирибати, кои се наоѓаат во Тихиот Океан, први ја дочекаа новата 2023 година, во 11 часот по средноевропско време.
Коралните острови Кирибати сочинуваат една република, сместена во централниот дел на Тихиот Океан, на околу 4 000 километри југозападно од Хаваите. Новата година во Кирибати ја слават жителите кои се среќаваат во традиционалните куќи „манеаба“ и излегуваат на улиците и прават здравици на полноќ.
Новата година пристигна и во Нов Зеланд.