Оваа посета на Џафери е прва од овој вид на висок претставник од регионот и прва посета на висок функционер од Северна Македонија на Украина. Во рамките на посетата, како што соопштија од собраниската прес- служба, Џафери се обрати во Конгресот на локалните и регионални совети под претседателство на претседателот на Украина, Володимир Зеленски
Јас оттука можам да порачам дека лично ќе се залагам институциите и граѓаните на Република Северна Македонија да ја пружат сета можна поддршка која што ќе стои на располагање заедно со нашите партнери од Европската унија и меѓународната заедница. Секако, лично ќе се залагам овие слики да го добијат правото име што им следува, а тоа е геноцид и ништо друго, изјави денеска претседателот на Собранието Талат Џафери за време на посетата на Украина.
Во Украина Џафери е на покана на претседателот на Собранието на Украина, Руслан Стефанчук, каде како што соопштија од собраниската прес- служба допатувал со воз преку Полска во раните утрински часови.
Истовреме, во посета на Украина денеска се и претседателите на парламентите на Романија и Швајцарската Конфедерација.
Џафери денеска ги посети градот Ирипин и пистата на Хостомел кои се разурнати од воените дејствија, по што заедно со другите претседатели на парламенти дадоа заеднички изјава.
„Секако особено ми е задоволство и ја прифатив поканата и лично да ги посетам Буча и Ирпин за лично да ги согледаме последиците од она што е инвазија на Руската федерација врз Украина. Секако, моето присуство е симбол на лична, институционална и поддршка на граѓаните на Република Северна Македонија за народот на Украина и институциите на Украина. Нам од Западен Балкан ни се свежи сеќавањата од ваквите слики што ги гледавме не подолго од две децении претходно, свеж ни е Речак во Косово, свежа ни е Сребреница во Босна и Херцеговина и секако мислам дека ние најдобро ве разбираме и знаеме што значат овие слики што ги гледаме овде. Јас оттука можам да порачам дека лично ќе се залагам институциите и граѓаните на Република Северна Македонија да ја пружат сета можна поддршка која што ќе стои на располагање заедно со нашите партнери од Европската унија и меѓународната заедница. Секако, лично ќе се залагам овие слики да го добијат правото име што им следува, а тоа е геноцид и ништо друго“,
изјави Џафери.
Оваа посета на Џафери е прва од овој вид на висок претставник од регионот и прва посета на висок функционер од Северна Македонија на Украина. Во рамките на посетата, како што соопштија од собраниската прес- служба, Џафери ќе има и обраќање на Конгресот на локалните и регионални совети под претседателство на претседателот на Украина, Володимир Зеленски.





Попладнево тој имаше обраќање на Конгресот на локалните и регионални совети под претседателство на претседателот на Украина, Володимир Зеленски.