Министерот за здравство Венко Филипче во интервју за „360 Степени“ зборуваше за вакцините кои се развиваат против Ковид-19 и за тоа до каде е нашата држава во процесот на договори за набавка.
„Аплициравме за Ковакс механизмот пред некој ден и официјално и сега тоа значи дека во првиот момент кога ќе има одредена количина од вакцината, без ралика од тоа кој производител ќе биде прв којшто ќе ја пласира, ќе биде еднаква прераспределбата во сите земји коишто аплицирале за овој механизам. Ми се чини дека сите земји од регионот аплицираа, за рамномерна распределба, до 20% од целокупното население. Стручните препораки се дека прво треба да се вакцинираат ризичните групи – постари граѓани, хронични пациенти, 20% од целокупното население, дека веќе ќе создаде еден тип на имунитет којшто може да ја смени сликата на епидемијата кај нас, односно пандемијата. Било каде да се аплицира, во било која земја концептот би бил ист. Ние аплициравме за 400 илјади граѓани односно 20% од населението, засега е проценката дека има по 2 дози, значи 800 илјади вакцини да пристигнат во нашата земја. Сигурно дека ќе треба да се направи систем, ние веќе работиме на тоа, преку вакциналните пунктови и преку здравствените домови, да во моментот кога ќе биде на располагање може да се направи систем во којшто постепено граѓаните ќе се вакцинираат“,
вели Филипче.