Примарна опасност за време на ерупциите на Килауеа е тоа што тој испушта вулкански гас, кој реагира со атмосферата и создава вулкански смог или магла. Според Опсерваторијата, маглата може да биде опасна по здравјето на жителите и посетителите, да ги оштети растенијата и да влијае на добитокот
Почнал да еруптира Килауеа, еден од најактивните вулкани во светот, соопштила Опсерваторијата за хавајски вулкани на Американскиот геолошки институт.
Ерупцијата е на нешто повеќе од еден километар јужно од Килауеа Калдера, во област во рамките на Националниот парк на вулкани на Хаваи, која е затворена за јавноста од 2008 година поради опасност од пукање на земјиштето, како и лизгање на камењата.

„Од видеоснимките се гледа како лава излегува од пукнатините. Ерупцијата е во тек, но позитивно е тоа што се случува на оддалечена локација во Националниот парк. Нема закана по населението, како и од нарушување на инфраструктурата на околината“,
велат од Опсерваторијата за хавајските вулкани.
Сепак, оттаму посочуваат и дека ерупцијата може да го покачи нивото на гасови во воздухот и со тоа на жителите во околните места да им предизвика потешкотии во дишењето.
The first helicopter overflight of Kīlauea’s new SW rift zone eruption site at 6 AM HST on June 3, 2024 showed lava fountaining from 1 km (0.5 mi)-long fissures and volcanic gases blowing downwind. See the latest eruption update & Alert Level changes at https://t.co/N6WsRzP7sL pic.twitter.com/xlggUpxzdb
— USGS Volcanoes? (@USGSVolcanoes) June 3, 2024
Мич Рот, градоначалникот на Гранд Ајленд, рече дека жителите се навикнати на ерупции што се случуваат во паркот.
„Луѓето само треба да разберат дека ерупцијата се случува на едно од најбезбедните места каде што воопшто можела да се случи. Ниту еден имот не е загрозен“,
рече тој.
Kilauea Eruption from Volcano House in the National Park. Insane. pic.twitter.com/OH3X4zqxtc
— Jax (@JaxWaller1) June 3, 2024
Вообичаено, примарна опасност за време на ерупциите на Килауеа е тоа што тој испушта вулкански гас, кој реагира со атмосферата и создава вулкански смог или магла.
Според Опсерваторијата, маглата може да биде опасна по здравјето на жителите и посетителите, да ги оштети растенијата и да влијае на добитокот.
Килауеа последен пат еруптирал во септември минатата година, по ерупцијата во јуни 2023 година која траела неколку недели и правела фонтани од лава.