Агенцијата ТАСС, повикувајќи се на свои извори, објави дека до несреќата дошло поради непочитување на технолошкиот процес
Во пожар во фабриката во регионот Рјазан во Русија загинаа 16 лица, објави денеска руската агенција РИА новости, повикувајќи се на соопштението на Министерството за здравство, откако во претходните извештаи беа пријавени седум жртви и девет лица кои се водеа како исчезнати.

Полицијата соопшти дека во моментот на експлозијата во фабриката имало 17 работници.
Агенцијата ТАСС, повикувајќи се на свои извори, објави дека до несреќата дошло поради непочитување на технолошкиот процес.
Фабриката за производство на експлозиви за цивилна употреба „Еластик“ се наоѓа во Рјазан, на околу 200 километри јужно од Москва.
Министерството за вонредни состојби соопшти дека пожарот избувнал на крајот од производниот процес во фабриката.
Не се загрозени жителите на местото околу фабриката. На местото на настанот има повеќе од 170 спасувачи.