Едно лице загина, четири се тешко повредени и 14 лица се спасени во експлозијата на гас во зграда во рускиот град Јарослав, јави регионалната служба за итни случаи, пренесе Тасс.
„Четиринаесет станари се спасени од зградата, од кои петмина се спуштени со кран, осуммина беа спасени од противпожарна бригада и еден беше извлечен од урнатините“, соопшти регионалната служба за итни случаи.
По експлозијата на гас и пожарот, зградата се урна од шестиот кат до приземјето.
Според најновиот извештај, едно лице починало, а четири се тешко повредени. Жена и дете се останти под урнатините.
Се верува дека експлозијата била предизвикана од протекување на гас. Во тек е истрага на несреќата.