Израелските власти се сомневаат дека станува збор за палестински напади што доколку се потврди би биле најсериозните во последните неколку години
Едно лице загина, а 14 се ранети во две одделни експлозии во Ерусалим чија биле фреквентни автобуски постојки, соопштија израелските здравствени власти.
Првата експлозија, наводно, била од бомба оставена на автобуска станица во предградието на Ерусалим и во биле повредени 11 лица од кои едно им подлегнало на повредите во болница.
Втората експлозија, пак, одекнала близу до постојка во друг дел на градот и во неа се ранети тројца.
Израелската полиција соопшти дека се сомнева оти станува збор за палестински напади.
Оваа година ја одбележаа бран смртоносни напади со оружје и ножеви насочени кон Израелците што, пак, предизвика воени напади од Израел кон палестинските градови на окупираниот Западен Брег. Меѓутоа, нападите со експлозии во Ерусалим би биле најсериозните од ваков вид во последните години.
Видео: i24NEWS