Новинската агенција АНСА јавува дека обилните дождови предизвикале лизгање на земјиштето на местото лоцирано на ридовите
Службите за Итна помош трагаат по две лица кои исчезнаа во поплави и лизгање на земјиштето во јужниот италијански регион Кампанија, соопштија синоќа пожарникарите.
Пожарникарите појаснија дека една жена на 70-годишна возраст и нејзиниот син на 40-годишна возраст исчезнале од областа погодена од одрон во Сан Феличе а Канчело во близина на Неапол, а при спасувачката акција надлежните служби во калта го пронашле нивното целосно уништено возило.
„Се надеваме дека навреме го оставиле возилото и дека можеби се уште се живи некаде, но според она што ми го кажуваат експертите, нема многу надеж“,
изјави локалниот градоначалник Емилио Нузо за италијанските медиуми, пренесува Танјуг.
Противпожарната бригада на платформата Икс соопшти дека се распоредени 10 тимови за пребарување за да ги пронајдат двете исчезнати лица.
Новинската агенција АНСА јавува дека обилните дождови предизвикале лизгање на земјиштето на местото лоцирано на ридовите.
Пожарникарите ги евакуираат жителите од областа.
🚨🇮🇹 FLASH FLOOD IN
— Weather monitor (@Weathermonitors) August 27, 2024
CAMPANIA, ITALY #alluvioni #baiano #campania #Italia #flood2024 #Italy
-Date:August 27.2024
-afternoon storms brought heavy rains to Baiano (AV) and San Felice Cancello (CE). Here the streets became rivers of mud that carried away everything.
Keep always… https://t.co/BBQLY54NEO pic.twitter.com/JNkbELHKcq
Жолтото предупредување за бури е на сила за голем дел од централна и јужна Италија, вклучително и цела Кампанија.