Протестот под мотото „Ултиматум – не, благодарам!“ продолжува и денеска. Протестниот марш се врати на старата маршрута, од Владата преку Министерството за надворешни работи до Собранието.
Организаторите соопштија дека ќе протестираат пред МНР за да му дадат поддршка на претседателот на македонскиот дипломатски синдикат, Зоран Дабиќ.
„Зоран Дабиќ, претседателот на македонскиот дипломатски синдикат, кој се обрати пред Собранието и кажа дека предлогот е фијаско на дипломатијата на Бујар Османи, беше експресно суспендиран од работа по теркот на манирите во Северна Кореја. Затоа, ќе протестираме и пред МНР а протестот ќе заврши пред Собранието.“,
велат организаторите.
Тие апелираат протестот да биде мирен и достоинствен и бараат МВР да обезбеди протоколи за да нема инциденти како минатата недела.