Автобус од јавниот превоз во Скопје утринава се запали, а интервенираа и десетина пожарникари, по што целосно ги изгасија пламените јазици.
За среќа, нема повредени и во моментот на избувнувањето на пожарот немало патници.
Автобусот се запалил на автобуското стојалиште под Железничката станица.
Според првичните сознанија, причината за пожарот најверојатно е проблем со електриката на автобусот.