По „заплашувањето“ на СНС со диносауруси, вниманието го привлече и спотот на Обединета демократска Србија, кој завршува со покажување „среден прст“
Заврши изборната кампања во Србија и вечерва почна изборниот молку кој ќе трае до недела до 20 часот, кога се затвораат избирачките места.
Поради ситуацијата со коронавирусот, оваа предизборна кампања и во Србија помина без поголеми собири.
Затоа, пак, не недостигаа „инвентивни“ спотови на медиумите и социјалните мрежи. Така на пример по „заплашувањето“ на СНС со диносаурусите, се појави и спотот на Обединета демократска Србија, кој завршува со покажување среден прст.
На парламентарните избори, што првично требаше да се одржат на 26 април, во трката за 250 пратенички места учествуваат 21 партија. Тие ќе се борат да го надминат цензусот кој првпат годинава е три проценти од вкупната бројка на избирачи.
Право на глас имаат 6.583.665 граѓани на Србија, кои ќе гласаат на 8.386 избирачки места.