Сашо Мијалков доби 12-годишна затворска казна за случајот со масовното незаконско прислушување и заврши во притвор во Шутка. Ова е веста на денот и таа го менува јавниот дискурс низ кој деновиве се перципираше и коментираше бегството на Мијалков. Меѓу осудените е и тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска. Со првостепената пресуда се констатира дека прислушувањето е вршено во тогашната Управа за безбедност и контраразузнавање, а не со жолти комбиња.
Кои се пораките што ги испраќа денешната пресуда? Дали, во меѓувреме, е научена лекцијата и дали опремата и прислушувањето се под соодветна контрола и надзор? За ова разговараме со универзитетската професорка по казнено право, Беса Арифи, претседателот на Македонско здружение на млади правници, Зоран Дранговски и постариот истражувач во Центарот за европски стратегии „Евротинк“, Александар Стојановски.
Емисијата е емитувана на 26 февруари 2021 г. од 22:00 часот на ТВ Алсат